Со натпреварот помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Куманово започна пролетниот дел од женската Супер лига – нашето најсилно ракометно натпреварување. Металург на домашен терен, во Автокоманда ја пречека во моментов трето пласираната екипа на табелата – екипата на ЖРК Куманово. Металург на денешниот натпревар беше подобар и поуспешен противник и успеа да ја совлада оваа екипа со 19 голови разлика, 39:20. Ракометарките на Металург сигурно го започнаа натпреварот, а гостите беа рамноправен противник само во воведните минути. Со серијата од 5 голови во низа, Металург успеа резултатски да се одалечи. До крајот на првите 30 минути ракометарките на Металург го зголемуваа нивното водство, достигнувајќи и +12. Иако по крајот на првиот период (20:8), не беше доведено прашењето за победникот на овој дуел, во второто полувреме домашната екипа со сигурна игра само го зголемуваше водството кое на крајот достигна и до +19, 39:20.
Најефикасни на овој дуел беа Саздовска со 8 и Јовановска со 7 погодоци од ЖРК Металург, како и Пеовска со 7 и Паневска со 5 погодоци од ЖРК Куманово.
Во ова 12-то кло од женската Супер лига ќе се сретнат и екипите на: ЖРК Пелистер-ЖРК Прилеп; ЖРК Ѓорче – ЖРК Вардар Јуниор. Екипата на ЖРК Овче Поле е слободна во ова воведно коло од вториот дел од сезоната.