Македонскиот селектор, Лино Червар во пресрет на денешниот натпревар против Исланд, каде ќе се одлучува за третото место во групата ја направи и првата замена во составот.

За многумина изненадувачки, поради тоа што повеќето очекуваа внесување на Митревски на голманската позиција, поради тоа што во досегашните натпревари двата голмана не се покажаа во најдобро светло. Но, Червар се реши во тимот да го вклучи пикерот на Металург, Жарко Пешевски на местото на Мартин Поповски, кој се очекува да им помогне на Стоилов и Маркоски во жестоката битка, која ја водат на линијата од шест метри.

Натпреварот против Исланд започнува од 17:45 часот, со директен пренос на МРТ1.