Вечерва заврши патешествието на Макс Струмица во СЕХА лигата, со уште еден убедлив пораз на домашен терен, овојпат од екипата на Нексе со 20:30. Натпревар во кој струмичани имаа сили само за првите 10-тина минути, каде потоа ракометарите на Нексе го забрзаа темпото на игра и успеа да се одлепат и на полувреме да заминат со сигурно 10:14. За потоа во второто полувреме одиграат со исто темпо и само рутински да го завршат натпреварот со конечни 20:30.
Најефикасен на натпреварот беше Мирко Мајиќ со 9 погодоци, додека кај гостите Вердан Зрниќ со 10 погодоци.
Сезона кои сите со нетрпение очекувавме да заврши, како и струмичани, така и сите љубители на македонскиот ракомет. Сезона која мора да биде наравоучение за идните преставници во ова натпреварување, за да не се повтори овој срам за македонскиот ракомет.
*Макс Струмица го заврши ова натпреварување на последното место, со само два нерешени натпревари и скоро дупла гол разлика (389-622).
Повеќе за патешествието на Макс Струмица оваа сезона, може да прочитате ТУКА.