Жељко Бабиќ тренер Еурофарм Пелистер

По заминувањето на Стевче Алушовски од клупата на Еурофарм Пелистер и потпишувањето за македонскиот шампион Вардар, управата на Еурофарм Пелистер за нов предводник на стручниот штаб денеска го именуваше Жељко Бабиќ.

Тренер кој претходно можевме да го видиме во екипите на Загреб, Мешков Брест и Горење Велење, а извесно време беше и на селектор на грватската репрезентација.

„Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде г-дин Жељко Бабиќ. Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год. Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал. Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола. Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка“ – се вели во соопштението на битолскиот клуб.

Фото: Еурофарм Пелистер