Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Ракометната Федерација на Македонија, откако точката за неговата оставка беше избришана уште на самиот почеток од денешното Собрание на РФМ.
Иако Мукаетов, како што тој и самиот изјави, дека ја доставил оставката од принципелни причини, поради неуспехот во Гданск, поради големата поддршка која ја изразија сите клубови во Македонија и многу ракометни работници, тој прифаќа да остане до крајот на својот мандат и заедно да го подигнат македонскиот ракомет.
„Јас таа оставка ја доставив од принципиелни причини. Јас бев дел од тој тим кој требаше да го донесе пласманот на ЛОИ. За жал не успеавме и од тие причини ја донесовме таа одлука. Штом е поддршката од вас толку голема, треба заедно да ги засукаме ракавите и заедно да го подигнеме македонскиот ракомет. Можам да ветам дека до крајот на мандатот дека ќе работам посветено да ги оствариме целите“ – истакна Мукаетов.
ФОТО: www.ekipa.mk