РК Вардар на официјалната страна соопшти дека шпанскиот репрезентативец, Жоан Кањелас (29) потпишал тригодишен договор со „црвено-црните“. Тој ќе биде четвртиот шпански играч во екипата на Вардар, по Арпад Штербик, Хорхе Македа и Алекс Душебаев кои сега се дел од тимот, заедно со тренерот Раул Гонзалез.
„Вардар продолжува со создавањето на респектибилен тим, и од следната натпреварувачка сезона ќе добие уште едно звучно и квалитетно ракометно име. Шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас во следните три сезони ќе биде дел од нашиот клуб. Верувам дека со неговото искуство ќе донесе дополнителен квалитет во играта што ќе ни овозможи да бидеме уште подобри како тим. Неговите индивидуални квалитети се добра референца за нашите очекувања во следниот период. Се надевам дека заедно ќе бидеме уште поуспешни“ – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.