Ракометарките на ЖРК Металург беа декласирани од фаворизираниот дански Тим Холстебро со 41:20, во рамките од Купот на победниците на куповите. Пораз од екипата која е најголем фаворит за трофејот во ова наптреварување беше очекуван, но волку убедлив никој не очекуваше.

Девојките потфрлија, одиграа многу лошо уште во првото полувреме кога постигнаа само 9 погодоци, а примија 22. Одбраната не функционираше, бековите многу лесно доаѓаа до позиција за постигнување на погодок, со што максимално го искористија тоа и ги дотолчија во второто полувреме. Во нападот единствена светла точка во екипата на Металург беа Ливриниќ и Белеска, кои заедно постигнаа половина од головите.

Холстебро доминираше во целиот натпревар со што заслужено го доби првиот натпревар со 21 гол разлика. Веќе следниот натпревар помеѓу овие две екипи се игра утре, истотака во Данска.

Најпрецизна во „плаво-белите“ беше Ливриниќ со 7 постигнати погодоци, додека кај данкините беше добро нас познатата Хагман со истотака 7 постигнати погодоци.