Ракометарките на ЖРК Металург во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија успеаа да забележат победа над екипата на ЖРК Вардар Јуниор 23:19 (13:7). Со оваа победа, ЖРК Металург обезбеди место во големото финале кое е закажано за во недела со почеток во 17:30 часот.

Досега, ова е четврти дуел помеѓу овие две екипи заедно со оние од регуларниот дел и плејофот. Поуспешна екипа е екипата на Петровски која има 3 победи и 1 пораз. Натпреварот одлично го започна екипата на Вардар Јуниор која поведе со 3:1. Но, тоа беше единственото водство на вардарки, а од тој момент па се до крајот на натпреварот во водство беше екипата на Металург и успешно држеше контрола врз резултатот. Во првите 20-тина минути водството на Металург беше од 2-3 голови, а потоа тоа се зголемуваше. Петковска од ЖРК Металург постигна гол за максимални +6 голови (12:6), a до крајот на првото полувреме и двете екипи додадоа по еден гол и на одмор заминаа со резултат 13:7.

Второто полувреме помина во знак на ЖРК Металург, со добра ира во одбраната го наведуваа противникот на грешки во нападот, шутеви од неизградени позиции, како и технички грешки. Сето тоа, ракометарките на Петровски успешно го реализраа и повторно го вратија највисокото водство од +6, 20:14. Без многу проблеми до крајот, ЖРК Металург ја одржуваше предноста и сосема заслужено дојден до нова победа и обезбеди место во финалето.

Најпрецизни на овој натпревар беа Саздовска со 7 голови и Стојковска со 5 голови од екипата на Металург, додека од екипата на Вардар Јуниор Нолевска со 5 и Стојановска и Трпковска со по 4 голови.