Екипите на ЖРК Металург и ЖРК Вардар Јуниор во рамките на своите подготовки ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. Домаќин на овој натпревар е екипата на ЖРК Металург, која пак во претходните два пријателски дуели беше поуспешна извојувајќи две победи. Овој контролен натпревар е од големо значење за екипата на Вардар Јуниор, бидејќи ќе им дојде како подготовка пред натпреварот од Челинџ купот кој ќе го одиграат на домашен терен во понеделник против екипата на Карпати.
Во пресрет на овој пријателски дуел, тренерот Симовски изјави:
,,Се договоривме со Металург да одиграме уште една пријателска средба. Тие беа доволно коректни да прифатат и да спарингуваат со нас, зашто тоа ни е многу потребно во овие моменти. Екипата полека се комплетира, веќе трет ден тренираат сите ракометарки кои беа повредени, со исклучок на Ангела Тодоровска. Се надеваме дека ќе се подготвиме максимално и ќе оствариме уште еден добар резултат.“
Натпреварот започнува во 16 часот и ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда. Влезот за сите заинтересирани е слободен.