На денешните полуфиналните натпревари очекувано славеа ЖРК Металург и ЖРК Вардар, екипи кои во недела од 17:00 часот ќе се борат за пехарот во Купот на Македонија.

  • ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор

Во првиот натпревар во Автокоманда, ракометарките на ЖРК Металург го победија Вардар Јуниор со 23:19 (13:7). Натпревар во кој неисвесноста траеше во првата четвртина од натпреварот, каде потоа со серија од 4-0 „плаво-белите“ се одлепија резултатски и успешно го сочуваа до крајот натпреварот. Со што се пласираа во финалето во Купот на Македонија, каде ќе проба да им се спротистават на фаворизираните вардарки.

Најефикасни на натпреварот беа Саздовска со 7и Стојановска со 5 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасни беа Нолевска со 5, Стојановска и Трпковска со по 4 постигнати погодоци.

  • ЖРК Вардар – ЖРК Куманово

Во вториот полуфинален натпревар ЖРК Вардар убедливо со 51:18 славеше над младите ракометарки на Куманово. Преголемата разлика во искуството и квалитетот си го направи своето. Натпревар на кој Кастратовиќ им даде шанса на сите ракометарки од ростерот, кои ја искористија шансата да го покажат својот квалитет.

Најефикасни на натпреварот беа Андреа Човиќ со 12 и Сара Ристовска со 9 погодоци, додека кај Куманово најефикасна беше Трајковиќ со 5 постигнати погодоци.