ЖРК Вардар како и што се очекуваше, повторно убедливо го победи Лајпциг со 22:45 во рамките од последното коло во Групата Б во ЛШ. Девојките ја покажаа својата сила и моќ на гостувањето во Германија, со што заслужено го освоија првото место во групата.
Дури и без играњето на Пенезиќ и Алтхаус, ракометарките на ЖРК Вардар остварија лесна победа. По заминувањето на Кастратовиќ, формата на ЖРК Вардар иде во нагорна линија. Нешто, што многу радува пред почетокот на главната фаза, која ќе почне кон крајот на Јануари 2017 година.
Во главната фаза „црвено-црните“ ќе пренесат 7 бода, а во новата група следни противници им се Будуќност, Мец и Турингер.
Најефискасни на денешниот натпревар беа Лакрабер со 10 и Радичевиќ со 5 постигнати погодоци.