Ракометарките на ЖРК Вардар добија најлесна група на хартија, каде во новата сезона во Лигата на шампионите ќе игра против рускиот шампион Астраханочка, унгарскиот вицешампион ФТЦ и победникот од квалификациската група 2 во која се Лајпциг, Хипо, Бера Бера и Гомел.
Но, затоа групата Ц може да ја наречеме „група на смртта“ бидејќи во нејзе се наоѓаат актуелниот европски првак ЧСМ Букурешт, Ростов Дон, Ѓер и Митјиланд.
- Група А: Будуќност, Турингер, Мец, Квалификант од група 1.
- Група Б: ЖРК Вардар, Астраханочка, Ференцварош, Квалификант од група 2 (Лајпциг, Хипо, Бера Бера или Гомел).
- Група Ц: Ѓер, ЧСМ Букурешт, Митјиланд, Ростов Дон.
- Група Д: Ларвик, Ејсберг, Савехов, Квалификант од група 3.
Натпреварите од групната фаза во ЛШ во женска конкуренција ќе стартуваат на 21-25 септември.