Ракометарките на ЖРК Вардар по големата победа изминатиот викенд во Подгорица, денес го пречекуваат францускиот шампиони, Мец во рамките од второто коло од главната фаза во Лигата на шампионите. Натпревар во кој „црвено-црните“ ќе се обидат да ја продолжат серија на добри игри во Лигата на шампионите и со евентуален триумф над Мец, да направат уште еден голем чекор кон обезбедување на првото место на табелата.

На хартија фаворите се нашите девојки, но тоа не мора да значи ништо, бидејќи ќе играат против екипа која го има рекордот на најдобра одбрана во групната фаза во ЛШ оваа сезона. Екипа која немаше пораз на домашен терен, се до изминатиот викенд кога изгуби од Ференцварош (25:28), но истовремено екипа која во групната фаза на домашен терен ја совлада екипата на Будуќност со 28:25. Работи кои укажуваат дека оваа екипа е незгоден противник, кој знае да изненади со добра игра, особено во одбраната.

Во екипата на Мец има само четири интернационалки, Ана Грос (Словенија), Лицијано Јурзвали (Холандија), Поп-Лазиќ Слаѓања (Србија) и Шмидц Ксениа (Германија). Ракометарки кои се моторот на оваа екипа, предводени од Ана Грос, која е вистинскиот лидер на оваа екипа. Освен овие ракометарки, мора да се напомене дека во составот е французинката, Заади Деуна Грејс (Франција) која како среден бек многу добро го разигрува нивниот напад.

Затоа, нашите ракометарки максимално се спремаа за овој натпревар, каде со една добра игра и со помош на публиката издвојуваат уште една победа и ги израдуваат сите љубители на македонскиот ракомет.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 17:30 часот.
*Директен пренос на МРТ1