Ракометарките на ЖРК Вардар по големата победа над европскиот шампион Будуќност, денес ќе се обиде да ја продолжи победничката серија на гостувањето во Шведска, против екипата на Савехоф и со победа да ја зврши групната фаза во Лигата на шампионите. 1/4 финалето е обезбедено, но конечниот распоред на табелата ќе биде познат по комплетирањето на последното коло и исходот од гостувањето на Ѓер против ЧСМ Букурешт, како и дуелот во Подгорица меѓу Будуќност и Митјиланд.
На првиот натпревар во Скопје, македонскиот шампион славеше победа со 37-25 и ја има улогата на фаворит за денешната пресметка во Шведска. Постојат теории и за освојување на второто место, но како што изјави и Кастратовиќ, девојките ќе одат на победа и дека не треба многу да се размислува кои притивници ќе ги добиеме во 1/4 финалето, туку напротив тие треба да мислат како да не избегнат нас.
„На секој натпревар формата ни оди во нагорна линија и затоа убедена сум дека и овој пат ќе одиграме добро. Калкулации нема, трети сме во секој случај, а само со победа можеме да бидеме втори во групата, ако Ѓер загуби од ЧСМ Букурешт. Затоа, нашата цел е јасна, одиме на победа. За тоа кои противници би ги добиле во четвртфиналето не сакаме да размислуваме, нека мислат тие на нас, а ние си ја гледаме нашата игра“ – изјави Индира Кастратовиќ.
Натпреварот започнува од 19:00 часот, со директен пренос на МРТ.