Денеска ракометарките на ЖРК Вардар ја пречекуваат екипата на Будуќност во рамките од 4-то коло од главната фаза во Лигата на шампионите.

Поранешниот европски првак дојде во Скопје без шпанската репрезентативка, голманката Дарли де Паула и пикерот Сузана Лазовиќ. Иако во последниов период во Будуќност беа објавени неколку заминувања на клуните ракометарки во следната сезона, во екипата владее добра атмосфера и целта за пласман на Ф4 продолжува.

ЖРК Вардар го чека еден тежок и неизвесен натпревар, во кој ќе мора да одигра максимално сконцентрирано во нападот и одбраната за да издвојува позитивен резултат со кој ќе се зацврсти на првото место на табелата. Победата на гостувањето во Подгорица пред еден месец (28:31), како и турбуленциите во екипата на Будуќност не треба да ги опуштат нашите ракометарки, туку напротив да одиграат на едно високо ниво и уште еднаш да ги израдуваат љубителите на македонскиот ракомет.

Тренерот на ЖРК Вардар, Давид Дејвис претпазливо пред овој натпревар:

„Будуќност на овој меч ќе игра без притисок, па сметам дека токму тоа ќе биде и најголемата опасност за нас. Нѐ очекува тежок меч, но сметам дека ќе одиграме добро и ќе победиме. Први сме во нашата група, па сакаме да останеме на истата позиција“ – изјави Давид Дејвис.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ1