Ракометарките на ЖРК Вардар Јуниор во наредното коло од Челинџ купот ќе се сретнат со екипата на Минаква Војводина. Управите и на двата клуба решија и двата натпревари да се одиграат во Скопје на 16 и 17 Јануари. Подобриот ќе се пласира во најдобрите 8 екипи во Челинџ купот. На првиот дуел домаќин ќе биде ЖРК Вардар Jуниор и ќе се игра во 14:00 часот, додека на вториот, домаќин ќе биде Минаква Војводина, од 15:00 часот.