Екипата на ЖРК Вардар Јуниор денес на домашен терен конечно дојде до победа против својот најголем ривал, екипата на ЖРК Металург 25:19 (12:8). Со оваа победа од 6 голови разлика, еипата на Вардар Јуниор го обезбеди второто место на табелата, додека Металург со овој пораз падна на третото место.

Натпреварот одлично го започнаа и двете екипи, а во првите 20-тина минути имаше неколку изедначувања на резултатот. Од овој момент предноста ја презема екипата на Вардар Јуниор и успеа резултатски да се одлепи на +5, 12:7. До крајот на полувремето преостануваа уште 2 минути во кои Металург успеа да постигне само 1 гол и да замине на пауза при резултат 12:8.

Како во првото, така и во второто полувреме екипата на Металург беше непрепознатлива, со слаба игра во нападот, како и во одбраната. Непрепознатливата игра од страна на поедини играчи од екипата на Металург, како и ,,одличното“ судење на судискиот пар Ќаеви, доведоа водството на вардарки да се зголемува и на крајот да се радуваат на убедлива победа која беше изразена со 6 голови, 25:19.

Најефикасни ракометарки на овој натпрвар беа Керамичиева со 7 од Вардар Јуниор и Јовановска и Стојковска со по 4 голови од екипата на Металург.

ЖРК Вардар јуниор – ЖРК Металург 25-19 (12-8)

Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда 4, Петровска, Стојановска 4, Трпковска 2, Георѓиевска, Николовска, Митова 2, Бојаџиска 1, Нолевска 5, Велкова, Џини, Керамичиева 7, Мишевска, Гичевска.
ЖРК Металург: Серафимова Антиќ, Дурланова, Каранфиловска, Белеска 2, Јовановска 4, Николиќ 3, Стојковска 4, Цаневска, Граматова, Ливриниќ 3, Саздовска 3, Дабевска, Петковска.