Ракометарките на ЖРК Вардар Јуниор успеаа да дојдат до нова победа откако на домашен терен денес ја совладаа украинската екипа Карпати, 22:19 (13:12). Натпреварот почна со доминација на гостите кои имаа почетно водство од 3:0, а на домашниот состав на Вардар Јуниор му беа потребни 5 минути за да го постигне својот прв гол. Сепак следеше повратна серија од 3:0 на домаќините за 3:3. Вардар Јуниор успеа да дојде и во водство од 10:7, но не успеа да ја задржи резултатската предност до самиот крај на првото полувреме, па затоа на одмор заминаа со минимална разлика 13:12. Второто полувреме беше за нијанса подобро од првото, ракометарките на Вардар Јуниор на неколку наврати имаа шанса за преднпост однад 3 голови, но не успеаа да го реализираат. Сепак на крајот Вардар Јуниор беше подобар и успеа да запише победа во првиот четврфинален натпревар од Челинџ купот.
Решавачкиот меч на кој вардарки патуваат со +3, ќе се одигра на 28.02.2016 година во Ужгород, Украина.