Ракометарките на ЖРК Вардар Јуниор го продолжуваат настапот во Челинџ купот откако изминатиов викенд два пати дојде до победа против екипата на Лондон Ејнџелс. На првиот натпревар, ракометарките на Симовски успеаа да го совладаат противникот со високи 27:14 (15:7).  Иако по првиот меч беше се поизвесно дека Вардар Јуниор ќе го продолжи настапот во Челинџ купот, сепак тоа се докажа и на реванш натпреварот кој исто така им припадна на избраничките на Симовски, 35-17 (22:6)

По одиграните два натпревари, тимот на МакРакомет поразговара со левото крило на ЖРК Вардар Јуниор, Сара Митова која ни го изјави следното:

,, Задоволна сум од својата игра како и од играта што ја прикажаа моите соиграчи  на двата натпревари против Лондон ејнџелс. Ова е едно одлично искуство за нас. Ќе продолжиме со напорна работа за да можеме да се соочиме со потешките предизвици што не очекуваат во иднина во Челинџ купот.“

Потенцијални противници на ЖРК Вардар Јуниор за следното коло во Челинџ купот се:  Сокол Поруба (Чешка), Гран Канарија (Шпанија), Вирто (Холандија), Старт Елблаг (Полска), Војводина (Србија), Кастамону (Турција) и Карпати (Украина).

Фото: www.zrkvardar.mk