Екипата на ЖРК Вардар успеа конечно после шест меѓусебни дуели да дојде до својата прва победа против одличната екипа на Будуќност. На домашен терен, во СЦ ,,Јане Сандански“ ракометарките на ЖРК Вардар дојдоа до победа совладувајќи ја екипата на Будуќност со 26:24 (11:11). Во текот на првите 30 минути се играше изедначено, гол за гол, па токму поради тоа и по истекот на 30-те минути резултатот на семафорот беше 11:11. Второто полувреме сепак беше за нијанса поразлично од првото во кое преовладуваш пожртвувана игра и борба од страна на двете екипи. Вистински лидер во составот на ЖРК Вардар беше голманката Амандин Лејно, која успеа да собере дури 20 одбрани. Со добра игра во нападот и во одбраната, ЖРК Вардар во самиот финиш успеа да ја задржи резултатската предност и да слави со +2, 26:24.
Најефикасни во ЖРК Вардар беа Лазовиќ со 6 голови и Пенезиќ со 5 голови, додека во противничката екипа одлична партија пружија Булатовиќ со 6 голови и голманката Ждериќ која имаше 16 одбрани.
Последниот натпревар од оваа фаза ЖРК Вардар го игра на гостински терен против екипата на Савехоф на 26.02.2016 година.