Откако вчера на колена пред „црвено-црните“ падна Ростов-Дон, денес ракометарките на ЖРК Вардар предводени од Ирина Дибирова ќе пробаат да му се одмаздат на Ѓер за ланскиот пораз во финалето од Лигата на шампионите.

Вардар на вчерашниот натпревар се измачија против русинките, каде одиграа лошо со многу технички грешки и дупки во одбраната. Целиот натпревар наликуваше на една брканица на теренот, која за среќа заврши во наша полза благодарејќи на Ростов Дон кој го немаше потребното искуство за едно вакво натпреварување и не успеа да ја казни играта на ЖРК Вардар.

Но, денес е нов ден и треба да се заборави на вчерашниот натпревар и да се фокусираат на силниот Ѓер. Да ја поправат својата игра, особено во одбраната доколку сакаат трофејот да го донесат во Скопје.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.
Судии на натпреварот ќе бидат Шарлота и Жулија Бонавентура од Франција.