Тоа што сите го посакуваа, тоа и се оствари!
Ракометарките на ЖРК Вардар ќе играат против романскиот тим ЦСМ Букурешт во полуфиналето од Фајнл-фор турнирот во Будимпешта.
Во второто полуфинале ќе играат Будуќност и Ѓер.

Романската екипа загуби од ЖРК Вардар во Македонија и во Романија, меѓутоа нејзиниот настап во четвртфиналето ги фрла во вода сите претходни искуства. Откако успеа да најде сила и капацитет да ја елиминира екипата на Ростов Дон, единствената непоразена екипа во ЛШ дотогаш.

Фајнл-фор турнирот ќе се одржи на 7-ми и 8-ми Мај, во „Ласло Пап“ арената.

Среќно девојки!