На денешната ждрепка од Лигата на шампионите, ЖРК Вардар ја доби екипата на Ростов Дон за противник во полуфиналето.
Екипа која за првпат ќе игра на собирот на најдобрите четири европски екипи, но и покрај тоа во никој случај не смее да се потцени. Во играчкиот ростер имаат 6 интернационалки и половина руска репрезентација. Двете поранешни ракометарки на ЖРК Вардар, Маиса Песоа и Сираба Дембеле се меѓу носителите на играта, додека во бековската линија дејствуваат одличната Катарина Булатовиќ, незгодната Александрина Барбоса и Ана Паула Родригес.
Натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Ростов ќе се игра на 12-ти мај, а победникот од овој дуел во финалето на 13-ти мај ќе игра за европската круна со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу последните два европски шампиони, Ѓер и ЧСМ Букурешт.