Ракометарките на ЖРК Вардар во еден тежок и неизвесен натпревар, издвојувaа победа со 23:21 против францускиот шампион Мец, во рамките од 2-то коло од главната фаза во Лигата на шампионите.
Вардарки во грч го отворија натпреварот, каде се мачеа да постигнат погодок против одличните французинки, кои играа одлична одбрана. Се играше гол за гол, но сите постигнати погодоци на Вардар беа од индивидуални акции. Немаше развиженост во нападот, а одбраната беше испод нивото. Аларм за Дејвис, кој повика тајмаут и направи целосна измена на составот. По што, играта на „црвено-црните“ се стабилизира и со мини серија направија предност од 3 погодоци, кои со крајот на полувремето успеаа да ги задржат и заминат на полувреме со резултат 13:11.
За разлика од првото, второто полувреме одлично го отворија и за 5 минути игра, вардарки имаа солидна преднот од 5 погодоци, 16:11. Продолжија игра гол за гол, се до 50-та минута, кога веќе сите мислеа дека е готово, паднаа во својата игра. А по повредата на Пенезиќ, некако сите паднаа во некој шок и направија неколку технички грешки, кои ракометарките на Мец успешно ги казнуваа. За на 5 минути до крајот на натпреварот дојдат до негатива на само еден гол 22:21.
Во последната минута Лакрабер промаши пенал, а во следниот напад на Мец, вардарки имаа среќа бидејќи ударот на ракометарката на Мец заврши во стативата. По што при одбиената топка и празен гол, Радичевиќ погоди за конечен резултат 23:21 и продолжување на серијата победи во Лигата на шампионите.
Најефикасни на натпреварот беа Дамјановиќ со 5 и Лакрабер со 4 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасна беше Грос со 5 погодоци. На голот кај Вардар, повторно Лејно беше одлична со 11 интервенции, направено само во второто полувреме. Во првото полувреме бранеше Пеасо, која забележа 4 интервенции.
ФОТО: екипа.мк