Ракометарките на ЖРК Вардар трета година по ред го освојува третото место на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите, откако македонскиот првак попладнево триумфираше во „малото финале“ против Будуќност со резултат 30-28.
Конечно вардарки го добија својот ривал, од кога во претходните две години губеше во полуфиналето. Победа која нема да го избрише вчерашниот дебакл од ЧСМ Букурешт, кој од вечерва е новиот шампион во Лигата на шампионите. Натпревар во кој се играше разновидно во нападот, на голот проработе Лејно .. доволно за да се изборат за победа над Будуќност и освојување на бронзата.
Најефикасни на антпреварот беа Пенезиќ со 7 и Радичевиќ со 6 погодоци, додека кај Будуќнст беше Неагу со 8 постигнати погодоци. Лејно натпреварот го заврши со 14 одбрани, наспроти 6-те на Ждериќ од спротивната страна.