Вечерва ракометарките на ЖРК Вардар очекувано убедливо славеа против Савехоф со 37:25, каде ставија нови 2 бода на своето конто. Натпревар во кој после големата пауза и убедливиот пораз од Будуќност во минатото коло, ги видовме вардарки во едно квалитетно издание.
Ракометарките на шведски Савехов издржаа само во првите 10 минути, каде успешно им париираа на нашите ракометарки со резулат од 8:8. За потоа да следи серија од 9 минути, во кои голманката на ЖРК Вардар, Ина Суслина не прими гол, а тоа умешно го искорисија вардарки за да стигнат до предност од 14:8, со што го скршија натпреварот. Расположените ракометарки не застанаа после оваа серија, туку напротив продолжија во исто темпо, па на полувреме заминаа со резултат 19:10.
Во второто полувреме ракометарките на ЖРК Вардар рутински го одиграа натпреварот, за конечни 37:25 и прва победа во новата година.
Најефикасни на натпреварот беа Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ со по 6 погодоци, додека кај гостире најефикасна беше Ериксон со 7 погодоци.