Ракометарките на ЖРК Вардар во еден тежок натпревар издвојуваа победа од 25:19 над Ростов Дон, со која се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта. По што, утре ќе гледаме реприза од ланското финале!
Тежок натпревар во кој ракометарките на ЖРК Вардар уште на самиот почеток од натпреварот, покажаа дека им се тешки нозете и дека имаат голем притисок врз себеси. Правејќи многу технички грешки, но ја имаа извонредната Лејно која не дозволуваше на Ростов Дон да се доближи резултатски.
Гледавме една брканица на двете страни, проследена со многу грешки во нападот и одбраната. Ракометарките на ЖРК Вардар го имаа водството од 2-3 погодоци низ целиот натпревар, мачејќи се да го докрајчат дебитантот Ростов Дон. Се до 50-та минута, каде го скршија отпорот на руската екипа и со лесни брзи голови „црвено-црните“ го поставија конечниот резултат од 25:19 и се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Најефикасни на натпреварот беа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ со по 7 постигнати погодоци, но најголема заслуга за победата дефинитивно оди кај Амандин Лејно која запиша 17 одбрани. Кај Ростов Дон најефикасна беше Екатерина Илина со 5 постигнати погодоци.