Ракометарките на ЖРК Вардар му гостуваат на Лајпциг во Германија, во рамките од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Откако во минатото коло го демолираа Ференцварош на гостиски терен (24:37) и ја осигураа првата позиција на табелата, денеска против се очекува рутинирано и без проблеми да го совладаат германскиот аутсајдер ова сезона.
Првиот натпревар во Скопје, вардарки го добија убедливо со 41:24. Па во исчекување денеска тренерот на ЖРК Вардар, Дејвис да им даде шанса на помладите и на оние ракометарки кои имаат помала минутажа.
Составот на ЖРК Вардар за денешниот натпревар: Радичевиќ, Херем, Мавсар, Дамјановиќ, Лејно, Лазовиќ, Илина, Човиќ, Лакрамбер, Хмирова, Лекиќ, Песоа, Ристовска, Кликовац.
Натпреварот започнува од 15:00 часот, со директен пренос на МРТ