Со извонредно одиграно прво полувреме и очаен втор дел, во неизвесен натпревар Вардар стигна до нова победа во Лигата на шампиони и теоретски го обезбеди пласманот воо 1/4 финалето на ЛШ. Радува резултатот, но осцилациите во играта загрижуваат.

Почна феноменално македонскиот првак. Серија од 5-0 на самиот почеток, се сметаше дека ќе биде вовед во лесен меч и сигурна победа. Извонредно во нападот предводени од Пенезиќ, цврсто во одбраната, на чело со Лејно, Вардар во 20-тта минута водеше со 7 разлика и доминираше на мечот. До полувремето стартната бековска постава на Вардар (Пенезиќ – Лекиќ – Лазовиќ) продолжи со одлична игра и на полувремето се замина со резултат 18-13.

Второто полувреме тренерот на Вардар реши да го почне со условно кажано втората постава, Дамјановиќ – Хмирова – Лакамбер на бековската линија и Песоа на голот. Играта на Вардар падна, додека Турингер заигра многу пшодобро и резултатот почна да се топи. Германките одиграа многу посилно во одбраната, се разбуди и Јана Краузе на голот, и Турингер за само 10 минути се врати во игра. Во 39-та минута, откако Турингер стигна на -2, Дејвис ја врати почетната постава на теренот, но и тие тешко му парираа на Турингер. Домашната екипа носена на крилата на Макарена Агилар (5 голаод 5 обиди во овој дел од мечот) домашната екипа успеа дури и да поведе. Сепак индивидуалниот квалитет на вардарки, особено Андреа Лекиќ, беше главната причина за конечниот триумф за Вардар, 29-31.

Пенезиќ со 10, Лекиќ со 8 и Алтхаус со 5 гола од 5 обиди, беа најдобрите поединки на натпреварот и најзаслужните за значајниот триумф.