Македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска, продолжува со извонредните настапи за екипата на Крим во Лигата на Шампионите. Во третото коло, Крим ја забележа втората победа, и на гостувањето во Русија против Динамо Сахара славеше со 25-26. Бајрамовска повторно беше најдобар поединец на теренот со 8 постигнати голови. Во првите три кола, македонската интернационалка има вкупно 18 постигнати голови и е во топ 5 стрелците во Лигата на Шампионите.
Новиот селектор на женската ракометна репрезентација ќе треба да се обиде да ја врати Бајрамовска во екипата бидејќи на тешкиот пат кој и претстои на женската репрезентација ќе и биде потребен искусен играч и лидер на теренот.