Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај Татран Прешов со 29-34, во рамките на СЕХА лигата. Натпревар во кој нашите ракометари го отворија лошо, без идеја во нападот и никаква одбрана, со што резултираше со 6:0 серија на ракомтарите на Татран Прешов.

Серијата ја прекина Тимур Дибиров во 8-та минута од натпреварот, по што следуваше мини серија на нашиот вицешампион, но нашите ракометари не можеа да ги запрат словаците во нападот, по што веќе во 15-та минута Татран Прешов имаше водство од 8:3. По неколкуте промени во тимот, нашите се консолидираа во одбраната и нападот, со што резуллтираше со првото израмнување на резултатот во 23-та минута, со што се продолжи да се игра гол за гол до крајот на првото полувреме, кое заврши 12:12.

Веќе во второто полувреме го видовме вистинскиот Вардар, каде веќе уште на стартот поведе и најави дека дојдоа по двата бода. Гонзалез во второто полувреме ги внесе во игра Стоилов и Марковиќ кои блеснаа со по 6 погодоци и 8 погодоци, кои придонесоа веќе во 50-та да поведат со 5 погодоци, 15:20. За потоа само рутински го завршат натпреварот за конечни 29:34, со што си го загарантираа второто место на табелата во СЕХА лигата.

Веќе следен натпревар од СЕХА лигата е на 7-ми Март, против унгарскиот гигант Веспрем на домашен терен. Натпревар како последна подготовка за дуелот со полскиот Висла Плок.