Без нaмерa дa се нaмaли успехoт нa Мешков Брест, нo oткaкo гo гледaвме Вaрдaр вo неделaтa сo Киелце, денешнaтa игрa нa Вaрдaр не мoже дa јa oкарактеризирaме никaкo oсвен незaинтересирaни!
Ракометарите на Вардар го забележаа вториот пораз оваа сезона во рамките од СЕХА лигата, овојпат од белоруската екипа Мешков Брест која заслужено се враќа дома со нови три бода. Бидејќи максимално сконцентрирано и борбено влезе во натпреварот, за разлика од вардарци кои очигледно повторно оваа година нема да им биде од големо значење ова натпреварување.
Тоа уште на самиот почеток се виде, кога ракометарите на Мешков Брест поведоа со 0:5 по одиграни 8 минути. За потоа вардарци да го бркаат резултатот се до 20-та, каде им се доближија само на два гола разлика, 6:8. Но, белорусите преку Кристопанс, Никуленкау и Разгор успеа повторно да го вратат високото водство и на одмор да заминат со солидни 11-15.
Во второто полувреме, ракометарите на Вардар се поангажираа повеќе и на голот застана Штербик кој набрзина направи 6 одбрани, и веќе во 40-та минута стигнаа до 19:19. Но, толку беше од јурушот на „црвено-црните“, бидејќи повторно Атман и Стојковиќ го доведоа Брест до водство од 26:28, на две минути до крајот. Вардар имаше напад за да го изедначи резултатот на 28:28, но по грешката на Цинриќ во додавањето кон Лацковиќ пропаднаа сите надежи дека Вардар ќе извлече позитивен резултат. Што на крајот ракометарите на Мешков Брест заслужено се радуваа на конечните 27:28, и нова победа во СЕХА лигата.
Најефикасен на натпреварот кај Вардар беше Душебаев со 6 погодоци, додека кај гостите беше Стојковиќ со 8 постигнати погодоци.
Следен натпревар на Вардар е веќе во сабота, кога ја пречекува екипата на Борец истотака во рамките од СЕХА лигата.