Малце потешко од тоа што се очекуваше, ракометарите на Вардар стигнаа до својата трета победа во ЛШ. Нагости ја победија шведската екипа Кристијанштад, со конечни 25:30.
Натпревар во кој ракометарите на Вардар одлично го отворија, одиграа во одбраната на високо ниво и смирено во нападот, со што резултираше со неколку контри и 3-7 уште во раната фаза на натпреварот. За веднаш после тајмауот на домаќините, вардарци паднат во играта, особено во нападот. Каде направија многу грешки, кои ракометарите на Кристијанштад успешно и брзо ги претвораа во погодок, со што веќе во 20-та минута резултатот на семафорот беше 10:10.
Серијата на домаќините ја прекина Брумен, а неколкуте интервенции на Штербик ја задржаа резултатската неизвесност до самиот крај на првото полувреме, со што се замина со минимално водство од 13:15.
Второто полувреме домаќините пробаа да го свртат резултатот, но најблиску до такво нешто беше доближување на еден погодок разлика. Гонзалес во врати во игра Алем Тоскиќ, кој блескаше на денешниот натпревар и им нанесе многу проблеми на домаќините. Со неговите 3 погодоци во серија, Вардар се одлепи резултатски во 45-тата минута, со 19:25. Со што во последните 15 минути, вардарци ја оддржуваа предноста и стигнаа до третата победа во Лигата на шампиони, победа која ги однесе на првото место во групата Б.
Во второто полувреме со незгодни повреди се здобија Карачиќ и Дибиров, каде не го продолжија натпреварот.
Најефикасни на натпреварот беа Тоскиќ и Дибиров со по 7 погодоци, а денес како и вообичаено на голот одличен беше Арпад Штербик, кој натпреварот го заврши со 19 успешни интервенции.
Следен натпревар за вардарци е за седум дена во Скопје, каде ќе го пречекаат германскиот вицепрвак Некар Левен.