Ракометарките на Вардар вечерва против Крим Меркатор ќе го одиграат претпоследниот натпревар од главната рунда во Лигата на шампионки. Натпревар во кој се освен убедлива победа ќе биде неуспех за нашите ракометарки.
Време е ракометарките на Индира Кастратовиќ да покажат дека знаат да играат и на гостински терен, а истотака и да покажат на македонската јавност дека можат, умеат и имаат сили да стигнат до толку посакуваниот фајналфор.
ЖРК Вардар е апсолутен фаворит на овој натпреват, но тоа треба да се докаже вечерва на теренот во Љубљана против тимот кој веќе одамна ги загуби шансите за влез меѓу осумте најдобри во Европа.
Во составот на Индира Кастратовиќ се враќа Андреа Лекиќ, кој поради болест го пропушти минатонеделниот натпревар со Лајпциг. Дополнителна предност за Вардар, а голем хендикеп за домаќинот е фактот што во составот на Крим ќе недостасуваат двете француски репрезентативки Алисон Пино и Амели Гуџо кои во пресрет на овој меч ја прекинаа соработката со словенечкиот шампион.
Натпреварот Крим – ЖРК Вардар се игра од 19:00 часот.