Нашето крило Влатко Недановски на денешниот натпревар ја оправда довербата на селекторот, изигра одлична партија во која постигна 4 погодоци. Еве што изјави за порталот www.lazarovkiril7.com
„Посебни ми се драги овие голови, бидејќи се мои први голови за репрезентацијата на еден мундијал. Сепак важно е и што победивме и што сме многу блиску до осминафиналето. Вчера се потрошивме повеќе, но и денес моравме да „нагазиме„ бидејќи ова е светско првенство и тука нема слаби противници. Имаме слободен ден да ги „наполниме акумулаторите„ и потоа да се насочиме кон Босна и Херцеговина. Тој меч е многу значаен и верувам во оваа селекција и во успешно првенство“ – изјави Недановски.