Репрезентативецот Влатко Недановски е среќен што му се даде шанса да ги покаже своите квалитети. Во пресрет на СП во Катар, Недановски е максимално мотивиран за да ја оправда довербата на стручниот штаб и да даде свој придонес за репрезентацијата да го оствари најголемиот успех на светските шампионати.
„Пресреќен сум што добивам шанса да ги покажам своите квалитети, од друга страна и свесен сум дека тоа носи обврска за да се оправда довербата на селекторот и на стручниот штаб. Имам мала трема, но тоа е позитивно и сигурно ќе ми послужи максимално фокусирано да влезам во следните натпревари. Верувам во себе, не сум неискусен и сметам дека можам да му помогнам на националниот тим, во она што стручниот штаб ќе го побара од мене. Имаме квалитет за да оствариме добар резултат, Хрватска е фаворит во групата, но сметам дека можеме да се носиме со сите останати ривали и да стигнеме до второто место, што би ни овозможило да се сретнеме со нешто послаб ривал во осминафиналето“ – изјави Недановски.