Ракометарот на Рајн Некар, Уве Геншајмер кој за големо наше изненадување изведуваше само седмерци, не влезе ниту еднаш во натпреварот. Веднаш после натпреварот Геншајмер им ја честиташе победата на Вардар, а причината за поразот ја најде во одличната атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, која ги натерала да направат премногу грешки во финишот, кои вардарци максимално ги искористија и заслужено го добија натпреварот.

„Одигравме одлично во првите 50 минути, но потоа ги загубивме главите во оваа сала. Атмосферата беше одлична, а ние во завршницата направивме премногу грешки и им дозволивме лесни голови од противнапад на домаќините. Исто така, би го истакнал и голманот Ангелов, кој бранеше одлично“ – изјави Геншајмер.