Десното крило на Металург, Гоце Георгиевски во пресрет на вечерашниот натпревар ветува максимална борбена и дисциплинирана игра, со што би оствариле позитивен резултат.
„Од името на играчите можам да ветам една максимална борбена и дисциплинирана игра. Сите знаеме што значат натпреварите со Вардар, секогаш има борба, притисок, жар и знам дека нѐ очекува тежок меч. Вардар е во подобра ситуација од нас и тие се фаворити на овој натпревар. Нашиот состав е редуциран по дуелот со Мешков Брест, но ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат“ -изјави Гоце Георгиевски.