Со оглед дека вечерашниот натпревар нема некое големо значење за двата тима, тренерот Раул Гонзалез планира да го изротира тимот и одново шанса да им даде и на оние играчи што не се најстандардни, со цел да ги поштеди најдобрите ракометари за претстојниот двомеч од ЛШ против Висла Плок.

„Оваа средба не е многу важна за нас бидејќи немаме шанси ниту за првото, ниту за третото место на табелата. Добро е што сме одморени и ќе можеме да дадеме се за да стигнеме до позитивен резултат. Ова ќе ни послужи да се подготвиме за мечот што е пред нас против Висла во рамките од ЛШ, така што шанса ќе им дадеме на сите ракометари, со надеж дека нема да дојде до несакани повреди“ – истакна Раул Гонзалез.

Извор: www.ekipa.mk