Вечерва во Скопје гостува Веспрем, лидерот на табелата во Ц групата во арената Јане Сандански ќе се соочи со Вардар. Двата тима се уште немаат пораз во Лигата на шампионите, а нашиот тим со евентуална победа ќе избие на првото место на табелата.

Во пресрет на натпреварот, тренерот Раул Гонзалес изјави дека за да се победи натпревар во ЛШ треба да се одигра добро во одбраната.

“Мислам дека сите натпревари во Лигата на шампионите се одлични тестови за можностите на екипата. Морате да играте добро на секој меч бидејќи сите противници се многу силни и затоа ние секогаш мораме да играме на високо ниво. Очекувам да играме добро во одбраната како на дуелот со Рајн Некар Левен и само така имаме шанса за победа. Сега ако сакате да победите на натпревар во Лигата на шампионите морате да одиграте добро во одбраната” – изјави Гонзалес