Сосема изненадувачки екипата на РК Вардар Јуниор ја декласираше домашната екипа на ГРК Борец.

Уште на самиот почеток на натпреварот, екипата на Вардар Јуниор направи серија од неколку голови 1:4, а потоа и 3:10. До крајот на првиот дел водството на Вардар Јуниор се зголемувше и на одмор екипите заминаа со резултат 6:14.

На почетокот на второто полувреме РК Вардар Јуниор повторно направи серија од 4:0, па го достигна највисокото водство 6:18. Целото второ полувреме помина во доминација на гостинската екипа. Краен резултат на оваа средба е 17:33.

Одлични во составот на Вардар Јуниор беа Недановски, Јовчевски и Андоновски со 5 голови, а од екипата на ГРК Борец Икономов и Трчков со 3 голови.