Македонскиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски ја продолжува својата кариера во Унгарија, во редовите на Чургу. Од редовите на шпанскиот Адемар Леон, каде што настапуваше оваа сезона заминува во унгарското првенство, каде очекуваме неговиот квалитет да исплива на површина.
Екипата на Чургу е трета по квалитет во Унгарија, зад „големите“ Веспрем Пик Сегед. Екипа која овој период се засилува и прави тим, со кој следната сезона ќе им преставува сериозен конкурент на горенаведените екипи.
Еве што изјави Димитриевски за порталот Екипа:
„Условите што ми беа понудени беа одлични. Заминувам во квалитетен и амбициозен клуб, во силна лига, така што не се сомневам дека овој трансфер ќе претставува чекор напред за мене во кариерата“ – изјави Димитриевски.
Фото: www.vavel.com