Во пресрет на денешниот натпревар на македонската женска репрезентација, против репрезентацијата на Исланд во претквалификациски натпревар за пласман во баражот за Светското првенство во Данска во 2015 година, нашата репрезентативка Зорица Десподовска, ветува добар натпревар, во кој нема лесно да се предадат.
„Уште постојат теоретски шанси за пласман, но наша најголема грешка беше лошата игра со Италија. Со Исланд нема да се предадеме и покрај тоа што се фаворити во групата, ќе одиграме најдобро што можеме па и да се надеваме на позитивен резултат. Моментално ни е важно да одиграме добар натпревар за да ја вратиме самодовербата по поразите со Италија“ – изјави Зорица Десподовска