Најдобриот македонски репрезентативец спорт IHF на мечот против Тунис, Дејан Манасков, во пресрет на денешниот натпревар против Иран ветува добра игра, со многу мал број на технички грешки и втора победа на нашата репрезентација.

„Знаеме дека сите афрички и азиски екипи се физички добро подготвени и мислам дека можат да играат на контакт само ако ние им дозволиме. Ако го сведеме бројот на технички грешки на минимум, мислам дека нема да има проблем околу победникот. Го гледавме мечот со Босна и Херцеговина и видовме дека нивниот квалитет во првото полувреме дојде до израз, но немаат толку големо искуство од овој тип на натпревари“ – изјави Дејан Манасков.