Утрешната саботна рекометна треска, што сите со нетрпение ја очекуваме, ќе ја отворат ракометарките на ЖРК Вардар. Му гостуваат на Турингер, германскиот шампион кој се наоѓа на третата позиција во нашата група Б.
Со почеток од 14:30 часот, нашите ракометарки ќе тргнат по последните два бода годинава, кои се од ислучително значење, иако пласманот на вардарки во следната рунда натпревари е осигуран, бидејќи е многу важно со колку бодови ќе ги започнат во следната група. Затоа освен победа и 2 нови бода, друго би било голем неуспех.
ЖРК Вардар замина без неколку повредени играчи (Лекиќ, Хмирова, Фернандез), нема да биде лесно, но ЖРК Вардар има одлична клупа сезонава, па на овој натпревар ќе се очекува од младата русинка Ихнева, која блескаше против Будуќност. Јулија Николиќ се враќа во екипата, така да заедно со Пенезиќ и Лазовиќ се очекува да ги предводат девојките до нова победа и успешно затварање на првиот дел од лигата на шампиони.
Играта на нашите девојки во секој натпревар е се подобра, што влева надеж дека на утрешниот натпревар девојките ќе извлечат позитивен резултат, и уште еднаш ја израдуваат македонската публика.
Директен пренос на натпреварот ќе има на Алфа ТВ. #СоСрцеЗаВардар