На официјалната страна на ЖРК Вардар објавија дека со секоја купена влезница за натпреварот со Лајпциг, ќе добиете и влезница за следниот натпревар дома против екипата на Динамо Синара кој ќе се одигра на 14 Март 2015 од 19.00 часот.
ЖРК Вардар повторно по стапките од ланската сезона, во која направи грешка со високата цена на картите и направи слична акција, така и оваа сезона веќе по втор пат пробува да ја врати публиката во сала со акција „Купи еден, земи два билета“. Претходно беше добро познатата акција каде со секоj уплатен тикет во BetCity кладилниците добивате две влезници за натпреварот ЖРК Вардар – Подравка (За потсетување, прочитајте повеќе ТУКА).
Повеќе за нивната грешка и револтот на македонските фанови може да прочитате ТУКА.
Како и да е, се надеваме дека ова ќе им биде поука и дека следната сезона нема да им се повтори оваа грешка, туку дека напротив подобро ќе ја изменаџираат цела сезона.
На девојките им треба поддршка во следните два натпревари на домашен терен, натпревари во кои неопходно е победа и враќање на добро познатите патеки. За да ги добиете овие два билета треба да одвоите само 300 денари #СоСрцеЗаВардар
Натпреварот против Лајпциг ќе се одигра оваа сабота од 19:00 часот.