Тежок пораз доживеа тимот на ЖРК Металург во втората средба од третото коло на Купот на победници на купови. Во вториот натпревар од дуелот со Сиофок, ракометарките загубија со 36:14, со што ги завршија настапите во европските натпреварувања.
Сиофок КЦ – ЖРК Металург 36:14 (14:8)
Сиофок КЦ: Бужаки 2, Пиедаде 4, Деаки 5, Ердоши 3, Фауст 4, Кумпел, Немет 1, Орбан 4, Паштрович, Шнајдер 3, Шуч 2, Сабадфи 1, Залај 3, Секерсеж 1, Термани 3 и Вурц. Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 минути.
ЖРК Металург: Антиќ, Серафимова, Ивановска 1, Каранфиловска, Ципушева, Белеска 3, Јовановска, Николиќ, Стојковска, Николовска 1, Дабевска, Ливриниќ 2, Саздовска, Талевска 1, Величковска 1 и Ристовска 5. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 10 минути.
Превземено од zrk.rkmetalurg.mk