Нашата репрезентација во недела (28-ми декември) од 17:45 часот, ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Израел во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварот освен тоа што репрезентациите ќе си ги одмерат силите на теренот, има хуманитарен карактер. Приходите од продажбата на билетите, ракометната федерација на Македонија ќе ги донира во СОС Детското село.

Продажбата на билетите започнува денеска, а истите ќе чинат по 100 и 150 денари. Затоа не се двоумете, бидете дел од овој пријателски натпревар, да им покажеме на ракометарите дека имаат голема поддршка и воедно да им помогнеме на оние на кои им е потребна помош, внимание и љубов, на дечињата од СОС Детското село.

Билетите може да ги купите преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС.
Повеќе информации за продажните места ТУКА