Ракометарите на Зомимак-М со триумф ја започнаа битката за шампионската титула. На првиот натпревар за екипата на Зомимак-М од плеј-оф фазата, кој се одигра во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, таканаречените „рисови“ со резултат 32:22 (15:11) одржувајќи контрола на играта и резултатот од самиот почеток на играта, успеаа да слават над младата екипа на РК Тинекс Пролет.
Најпрецизни во тимот на Зомимак-М беа Реваз Чантурија и Дејан Пецаковски кои постигнаа по 9 голови, а додека во противничката екипа најпрецизен беше Стефан Трајковски кој постигна 8 голови.
Второто коло од плеј-оф фазата започнува веќе во среда, а ќе го отворат екипите на РК Тинекс Пролет и РК Радовиш. Овој натпревар е со почеток во 16 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Македонско сонце“. Екипата на РК Прилеп го пречекува РК Металург, а средбата почнува во 17:00 часот. Ден подоцна, Зомимак-М повторно е домаќин, но овој пат на екипата на РК Вардар.