Денес ракометарите на Зомимак-М се вратија со важна победа од Радовиш, победа која само ги доближи на само еден чекор до освојување на второто место во Супер лигата на Македонија.
Зомимак издвојува ни најмалку лесна победа над РК Радовиш, иако го имаа во поголем дел од мечток водството. Домаќините одлично се држаа и им парираа на струмичани, но сепак искуството беше на страната на Зомимак-М, со што ја потврдија фаворитската улога за конечни 29:35 во рамките од 9-то коло од плејофот.
Со оваа 6-та победа, струмичани ја зазедоа втората позиција на табелата со 18 бодови, исто како и тимот на Металург кој веќе во недела ќе го пречека Вардар во Автокоманда.
До крајот на првенството на „рисовите“ им преостанува уште натпреварот против Прилеп на домашен терен.